Излез (2 Moj.) 24:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Мојсеј ја собра крвта; половината крв ја тури во садови, а половината ја излеа врз жртвеникот.

7. Потоа ја зеде Книгата на Заветот па му ја прочита гласно на народот, а народот одговори: „Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.”

8. Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот, говорејќи: „Ова е крвта на Заветот што Господ го воспоставува сега со вас на основа на сите овие зборови.”

9. Тогаш Мојсеј се искачи со Арона, Надава и Авиуда и со седумдесетте Израелеви старешини.

Излез (2 Moj.) 24