7. Местото го нарекоа Маса и Мерива, заради тоа што Израелците се препираа и Го искушуваа Господа, зборувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не е?”
8. Тогаш дојдоа Амаликците и завојуваа со Израелците кај Рафидин.
9. А Мојсеј му рече на Исуса: „Одбери момчиња па тргни и зафати борба со Амаликците. Јас ќе застанам утре на врвот на ридот со Божјиот стап во раката.”
10. Исус направи како што му рече Мојсеј и стапи во борба со Амаликците, а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот на брдото.
11. И додека Мојсеј ги држеше рацете издигнати, Израелците победуваа; а кога ќе ги спуштеше рацете, победуваа Амаликците.
12. Но најзад рацете му стежнаа на Мојсеја. Затоа зедоа камен, го ставија под него, и тој седна, додека Арон и Ор, еден од едната, а другиот од другата страна, му ги држеа рацете до зајдисонце.