Излез (2 Moj.) 12:25-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И кога ќе дојдете во земјата, што Господ ќе ви ја даде како што вети, вршете ја оваа служба.

26. Кога вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значи таа служба?’

27. одговорете им: ‘Ова е пасхална жртва во чест на Господа, Кој поминуваше покрај куќите на Израелците, кога ги усмртуваше Египетците, а ги поштедуваше нашите куќи.’” Тогаш народот се поклони длабоко и искажа почитување.

Излез (2 Moj.) 12