Исус Навин 24:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Тогаш Исус го отпушти народот, секого во неговото наследство.

29. По овие настани почина Исус, Навиновиот син, Господов слуга, на возраст од сто и десет години.

30. Го погребаа во крајот што го наследи во Тамнат-Сарах, во Ефремовата Гора, северно од гората Гаш.

31. Израел му служеше на Господа во текот на целиот век на Исуса и во текот на целиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и кои ги видоа сите дела што ги направи Господ за Израел.

Исус Навин 24