31. А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.
32. Така Мојсеј ги подели наследствата во Моавските Полиња, од другата страна на Јордан, источно од Ерихон.
33. Мојсеј не му даде наследство на Левиевото племе: Господ, Израелевиот Бог, е нивното наследство, како што им рече Сам.