Исус Навин 11:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се од нив, зашто утре во ова доба ќе направам сите да бидат погубени пред Израел; пресечи им ги жилите на нивните коњи, а нивните коли изгори ги со оган.”

7. Исус ги поведе против нив сите свои војници, ги нападна одненадеж при водите на Мером и удри на нив.

8. И Господ ги предаде во рацете на Израелците, па тие ги поразија и ги протераа сè до Големиот Сидон и до Мисрефот-Маим и до рамницата Миспа на исток; и така ги поразија па никој не преживеа.

9. Исус направи како што му нареди Господ: ги пресече жилите на нивните коњи, а нивните коли ги изгоре со оган.

10. Во исто време Исус се врати и го зазеде Асор, а неговиот цар го погуби со меч. Некогаш Асор им беше главен град на сите тие царства.

Исус Навин 11