Исус Навин 11:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Сè што Господ му заповеда на Својот слуга Мојсеј, Мојсеј му заповеда на Исуса, а Исус изврши сè, не изоставајќи ништо од сè што Господ му беше заповедал на Мојсеја.

16. Така Исус ја зазеде целата земја: Горјето, сиот Негев и сета земја Госен, Шефел, Араба, Израелското Горје и неговите брежиња,

17. од гората Алак, што се издига кон Сир, па до Вал Гад, во ливанската рамница под планината Ермон; ги зароби сите нивни цареви, ги порази и ги погуби.

18. Исус војуваше долго време со тие цареви.

19. Немаше ниту еден град кој склучил мир со Израелевите синови, освен Евејците, кои живееја во Гаваон: сите ги зазедоа со војна.

Исус Навин 11