Галатите 2:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А што се однесува за оние, кои беа сметани за видни, какви и да биле некогаш, мене ми е сеедно; Бог не гледа на човековото лице - тие видните ништо не ми придадоа.

7. Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е поверено Евангелието меѓу необрезаните, како на Петар меѓу обрезаните -

8. зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи -

9. и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;

Галатите 2