Ефешаните 4:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во суетата на својот ум,

18. помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце.

19. Откако го изгубија чувството, тие и се предадоа себеси на разузданоста, за да прават секаква нечистота во лакомост.

20. А вие не Го познавте така Христа,

Ефешаните 4