12. за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христа.
13. Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето.
14. Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за пофалба на Неговата слава.
15. Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети,