Дела Ап. 24:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта.

6. И се обиде да го оскверни и Храмот, и ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон,

7. но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце,

8. и заповеда неговите обвинители да дојдат при тебе. Ако го испиташ самиот, ќе можеш да узнаеш од него, сè за што ние го обвинуваме.”

9. А Јудејците потврдија дека е така.

Дела Ап. 24