Дела Ап. 23:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние, кои стоеја до него, да го удрат по устата.

3. Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, варосан ѕиду! И ти седиш за да ми судиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!”

4. А оние, кои стоеја наоколу рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го хулиш?”

5. И Павле рече: „Не знаев, браќа, дека е првосвештеник; зашто е напишано: „Не зборувај лошо за началникот на својот народ!”

Дела Ап. 23