13. Други пак се подсмевнуваа и велеа: „Се напиле слатко вино!”
14. А Петар стана, со Единаесетмината, и го поткрена гласот и им рече: „Јудејци и сите вие, кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови!
15. Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие - зашто е едвај третиот час на денот -
16. туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:
17. ’Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.