Дела Ап. 17:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И кога поминаа преку Амфипол и Аполонија, пристигнаа во Солун, каде имаше јудејска синагога.

2. И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото,

3. толкувајќи и докажувајќи дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите и дека е Тој Месија - Исус, „Кого јас ви Го проповедам.”

Дела Ап. 17