11. Но ние веруваме дека ќе се спасиме исто како и тие, преку благодатта на Господа Исуса.”
12. Тогаш замолкна целото множество и ги слушаа Варнава и Павла, кои раскажуваа колку чуда и знаци направи Бог, преку нив, меѓу народите.
13. Кога тие свршија да зборуваат, проговори Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме!
14. Симон ви кажа како Бог, најпрво, се погрижи да си земе луѓе од народите за Своето име.