Дела Ап. 14:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Во Листра седеше некој човек немоќен во нозете, хром од мајчината утроба, кој никогаш не одел.

9. Тој го слушаше Павла кога зборуваше, а кога Павле го погледна виде дека има вера за исцелување,

10. и му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!” И тој скокна и прооде.

11. А множеството народ кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, велејќи на ликаонски: „Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!”

Дела Ап. 14