Дела Ап. 14:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. и сепак никогаш не прекратуваше да сведочи за Себеси со Своите добрини, давајќи ви од небото дождови и плодоносни времиња и полнејќи ги вашите срца со храна и веселба.”

18. И зборувајќи за тоа, одвај успеаја да го запрат народот да не им принесе жртва.

19. Но стигнаа Јудејци од Антиохија и Иконија и го наговорија народот; го каменуваа Павла и го извлекоа од градот, мислејќи дека е мртов.

20. Меѓутоа, кога учениците се собраа околу него, тој стана и влезе во градот. А утреден отиде со Варнава во Дерва.

Дела Ап. 14