Дела Ап. 13:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. за околу четири стотини и педесет години. Потоа им ги даде судиите до пророкот Самоил.

21. Оттогаш побараа цар, и Бог им го даде Саула синот Кисов, човек од Венијаминовото племе, за четириесет години.

22. Кога го отфрли овој, им го подигна за цар Давида, за кого посведочи и рече: ‘Го најдов Давида, синот Есеев, човек по Моето срце, кој ќе ја исполни целата Моја волја.’

23. Од неговото потомство Бог - според ветувањето - му го подигна на Израел: Спасителот Исуса,

24. откако Јован, пред Неговото доаѓање, му проповедаше на целиот Израелски народ покајно крштавање.

Дела Ап. 13