Броеви (4 Moj.) 8:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. „Земи ги левитите од меѓу Израелевите синови и очисти ги!

7. Постапи вака со нив за да ги очистиш: попрскај ги со водата за очистување, а тие нека се избричат по сето свое тело и нека ја исперат својата облека, и ќе бидат чисти.

8. Потоа нека земат еден јунец и лебен принос од пченично чисто брашно, измешано со масло. А ти земи друг јунец за жртва за грев.

9. Потоа доведи ги левитите пред Шаторот на средбата и собери го сето Израелево општество.

Броеви (4 Moj.) 8