Броеви (4 Moj.) 35:14-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Доделете три града отаде Јордан, а три града во Ханаанската Земја. Тие нека бидат градови-засолништа.

15. Тие шест града нека бидат за засолниште како за Израелевите синови така и за странецот и придојденикот, кои престојуваат меѓу нив, каде може да избега секој што убил некого на несакање.’

16. ‘Но ако некој удри некого со железен предмет па го усмрти, тогаш тоа е убиец, убиецот треба да плати со главата.

Броеви (4 Moj.) 35