Броеви (4 Moj.) 3:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”

11. Господ му рече на Мојсеја:

12. „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!

13. Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”

14. Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:

Броеви (4 Moj.) 3