Броеви (4 Moj.) 28:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. ‘Во почетокот на вашите месеци принесувајте Му на Господа паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.

12. За секој јунец, како лебен принос: три десетини чисто брашно измешано со масло; за секој овен, како лебен принос: две десетини ефа чисто брашно измешано со масло.

13. За секое јагне една десетина чисто брашно измешано со масло, како лебен принос. Тоа е паленица, жртва за пријатен мирис на Господа.

14. Нивните налевници нека бидат: на јунец половина ин вино; на овен третина ин; на јагне четвртина ин. Тоа е паленица при секоја млада месечина во секој месец на годината.

Броеви (4 Moj.) 28