Броеви (4 Moj.) 25:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.

9. А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.

10. Господ му рече на Мојсеја:

11. „Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене, и Јас не ги истребив Израелевите синови во Мојата ревност.

Броеви (4 Moj.) 25