Броеви (4 Moj.) 21:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Израелевите синови тргнаа и се настанија во Овот.

11. Потоа отпатуваа од Овот и ги оптегнаа шаторите крај Ије-Аварим, во пустината што е спроти Моав, од страна на изгрејсонцето.

12. Оттаму отпатуваа и заседнаа во долината Заред.

13. Оттаму тргнаа и се настанија од онаа страна на Арнон, што е во пустината, а извира во подрачјето на Аморејците. Затоа Арнон е моавска граница, меѓу Моавците и Аморејците.

14. Затоа се вели во „Книгата на Господовите војни:”

15. „Вајеф во Суфа и арнонските потоци и падината на долината што се наведнува кон местото Ар и се допира до моавската граница. . .”

Броеви (4 Moj.) 21