1. Господ му рече на Мојсеја:
2. „Образложи им на Израелевите синови и земи од нив по еден жезал за секој прадедовски дом; земи дванаесет жезли од сите нивни старешини за нивните прадедовски домови. Името на секого напиши го врз неговиот жезал.
3. А бидејќи има по еден жезал за секој началник на прадедовските домови, Ароновото име напиши го врз Левиевиот жезал.
4. Тогаш положи ги во Шаторот на средбата пред Сведоштвото; таму каде што Јас ви се јавувам вам.
5. Жезалот на човекот кого ќе го изберам ќе расцвета. Така ќе го смирам ропотот на Израелевите синови, со кого роптаат против вас.”