22. ‘Ако згрешите неволно и не исполнувате некоја од заповедите што Господ ги соопшти преку Мојсеја -
23. сè што Господ ви нареди преку Мојсеја, оттогаш кога ви ги даде заповедите па натаму од колено до колено -
24. тогаш: ако е направено тоа поради невнимание скришно од општеството, целото општество нека принесе еден јунец како паленица за пријатен мирис на Господа со лебен принос и со налевница, според правилникот, и еден јарец во жртва за грев.
25. И свештеникот ќе направи покривање на гревот за целото општество на Израелевите синови, па ќе им биде простено; зашто тоа беше грешка, а тие го принесоа својот дар - палена жртва на Господа - и принос за грев пред Господа за своето невнимание.
26. Ќе и биде простено на сета израелска заедница, а така и на странецот, кој живее среде нив, зашто целиот народ згреши од незнаење.’
27. ‘Ако згреши поединец од незнаење, нека принесе едно женско јаре годиначе како жртва за грев.