52. Израелевите синови нека ги оптегнуваат своите шатори секој во својот логор; секој при своето знаме, по чети.
53. Левитите нека престојуваат околу Шаторот на Сведоштвото, за да не падне гнев врз Израелевото општество. Така левитите нека чуваат стража околу Шаторот на Сведоштвото.”
54. Израелците направија така како што Господ му нареди на Мојсеја. Така направија во сè.