Броеви (4 Moj.) 1:35-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Избројаните од Манасиевото племе беа триесет и две илјади и двеста.

36. Кога беше утврдено потомството на Венијаминовите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

37. Избројаните од Венијаминово племе беа триесет и пет илјади и четири стотини.

38. Кога беше утврдено потомството на Дановите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

39. Избројаните од Дановото племе беа шеесет и две илјади и седум стотини.

Броеви (4 Moj.) 1