Битие (1 Moj.) 9:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. сè што се движи и живее нека ви биде за храна; ви дадов сè како што ви ја дадов зелената трева.

4. Само не јадете го месото со неговиот живот, односно со неговата крв.

5. А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.

6. Кој пролее човечка крв, Човек ќе ја пролее неговата крв! Зашто Бог го создаде човекот Според Својот образ.

7. А вие, плодете се и множете се, наполнете ја земјата и подложете ја под себе!”

8. Уште Бог им рече на Ное и на неговите синови, со него:

Битие (1 Moj.) 9