11. Го поставувам Својот Завет со вас, така што никогаш повеќе потопните води нема да ги уништат живите суштества, ниту пак некогаш потопот ќе ја опусти земјата.
12. И Бог рече: „А ова е знакот на Заветот, Што го склучувам меѓу Себе и вас И со сите живи суштества што се со вас, За идните поколенија:
13. Го сместувам Мојот божилак во облакот, За да биде залог за Заветот, Меѓу Мене и земјата.
14. Кога ќе дотерам облаци над земјата, А божилакот се појави во облакот,
15. Ќе си спомнам за Својот Завет, За Заветот меѓу Мене и вас И секое живо суштество: И потоп повеќе нема да има, За да го истреби секое суштество.