Битие (1 Moj.) 6:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Во Божјите очи земјата беше се расипала; земјата се наполни со насилства.

12. И кога Бог виде како се расипа земјата - та секое суштество на земјата се изопачило -

13. Бог му рече на Ное: „Одлучив да им биде крај на сите суштества, зашто земјата се наполни со насилства; и, еве, ќе ги уништам заедно со земјата.

14. Направи си брод од гоферово дрво; направи го бродот со соби и намачкај го со смола внатре и надвор.

15. А ќе го направиш вака: бродот нека биде триста лакти во должина, педесет во ширина, а триесет лакти во височина.

Битие (1 Moj.) 6