Битие (1 Moj.) 48:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог тука.” „Доведи ми ги да ги благословам”, рече.

10. Израелевите очи беа ослабени, од старост, не гледаше. Затоа му ги приведе синовите, а тој ги пољуби и ги прегрна.

11. И Израел му рече на Јосифа: „Не се надевав да го видам твоето лице; но, ете, Бог ми даде да ги видам и твоите деца.”

12. Тогаш Јосиф ги слезе од неговите колена и му се поклони со лицето до земја.

13. И Јосиф ги зеде двајцата - Ефрема со својата десница: одлево на Израел, а Манасиј со својата левица: оддесно на Израел - па ги приближи до него.

Битие (1 Moj.) 48