Битие (1 Moj.) 43:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Земете со себе двојно сребреници, зашто треба да бидат вратени сребрениците, што ги најдовте во отворите на вреќите. Можеби она беше забуна.

13. Земете го својот брат и запатете се пак при оној човек.

14. Нека Ел Шадај (Сèмоќниот Бог) го поттикне оној човек на милост кон нас, па да ви ги пушти и другиот брат и Венијамина. А јас, ако треба да останам без деца, нека останам.”

15. Луѓето ги зедоа даровите; зедоа двојно сребреници со себе, го поведоа Венијамина и слегоа во Египет, и стапија пред Јосифа.

16. Кога Јосиф го здогледа Венијамина со нив, му рече на управителот на своето домаќинство: „Одведи ги луѓето во куќата, заколи едно добиче и зготви, зашто луѓево ќе ручаат со мене на пладне!”

Битие (1 Moj.) 43