Битие (1 Moj.) 41:49-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. Така Јосиф натрупа многу жито, како песок во морето, па прекрати да го мери, зашто беше без мерка.

50. Додека уште не настапија гладните години, на Јосифа му се родија два сина, кои му ги роди Асенета, ќерката на Поти Фер, свештеник во Он.

51. На првороденецот Јосиф му го даде името Манасиј, „зашто Бог - рече - направи да ги заборавам своите тешкотии и својот татков дом.”

52. На вториот му го даде името Ефраим, „зашто Бог - рече - ме направи плоден во земјата на мојата неволја.”

53. Седумте години на изобилство, што ги уживаше Египетската Земја, дојдоа до крај,

Битие (1 Moj.) 41