Битие (1 Moj.) 41:33-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Затоа фараонот нека избере способен и мудар човек и нека го постави над Египетската Земја.

34. Натаму, фараонот нека се погрижи да постави надгледувачи во земјата, што ќе собираат една петинка од сета жетва во Египетската Земја во седумте години на изобилството.

35. Нека собираат од секого жито, во седумте добри години, што доаѓаат; нека, со фараоново овластување, собираат жито за храна и нека го чуваат во градовите.

Битие (1 Moj.) 41