Битие (1 Moj.) 39:5-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А откако го постави над домот свој и над сè што имаше, Господ го благослови домот на Египетецот заради Јосифа: Господовиот благослов беше на сè што имаше - во куќата и во полето.

6. И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.

7. По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!”

Битие (1 Moj.) 39