3. Одиме горе во Ветил; таму ќе Му направам жртвеник на Бога, Кој ме послуша кога бев во неволја и беше со мене на патот, по кој одев.”
4. Тие му ги предадоа на Јакова сите туѓи идоли, што ги имаа, и наушниците што беа на нивните уши, и Јаков ги закопа под дабот во Сихем.
5. Кога тргнаа, страв од Бога ги опфати околните места, така што не тргнаа во потера по Јакововите синови.
6. Јаков стигна во Луз, односно Ветил, во Ханаанската Земја, и сите луѓе што беа со него.
7. Таму изгради жртвеник - и местото го нарече Ел-Ветил, зашто Бог му се јави таму, кога тој бегаше пред својот брат Исав.
8. Тогаш умре Ревекината доилка Девора, па ја погребаа под Ветил, под дабот, што оттогаш се вика „Тажен Даб.”
9. Бог му се јави пак на Јакова, кога стигна од Падан Арам, и го благослови.