35. Но во тој ден, Лаван ги оддели сите шарени и дамкасти јарци, и сите жолтоцрвеникави и шарени кози - секоја што имаше бело на себе и секое црникаво од јагнињата па им ги предаде на своите синови.
36. И оттаму, каде Јаков го пасеше остатокот на Лавановото стадо, се оддалечи на околу три дни одење.
37. А Јаков зеде млади зелени прачки од топола, леска и јавор; вреза во нив белини, меѓу оставена кора, така што се гледаше белото на прачките.
38. Така нашараните прачки ги стави во коритата, во поилата од кои пиеше добитокот. А бидејќи добитокот се спаруваше кога доаѓаше при водата,
39. јарците се расплодуваа покрај прачките, па затоа козите окозуваа дамкасти, капчести и шарени јариња.
40. Така Јаков ги одделуваше и овците и им ги вртеше главите кон шарените или кон сосем црните, што беа во Лавановото стадо.