Битие (1 Moj.) 30:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.

12. Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,

13. и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.

14. Еден ден, во времето на пченичната жетва, Рувим најде мандрагори во полето, па и ги донесе на мајка си Лија. И Рахила и рече на Лија: „Дај ми од мандрагорите на сина си!”

15. А Лија одговори: „Зар не ти е доста што ми го одзеде мажот, па уште сакаш да ги земеш од мене и мандрагорите на мојот син?” Рахила одговори: „Па добро, Јаков нека лежи со тебе ноќеска, во замена за мандрагорите на твојот син.”

Битие (1 Moj.) 30