Битие (1 Moj.) 28:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Затоа отиде при Исмаила и, покрај жените кои веќе ги имаше, се ожени за Маелета, ќерка на Исмаил, синот Авраамов, а сестра Новајотова.

10. Јаков ја напушти Вирсавеа и се запати кон Харан.

11. Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.

12. И виде сон: скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се искачуваа и слегуваа по неа.

Битие (1 Moj.) 28