Битие (1 Moj.) 27:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.”

5. Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на сина си Исава, и кога Исав отиде во полето да налови дивеч за татка си.

6. Ревека му рече на својот син Јаков: „Ете, чув како татко ти му зборуваше на твојот брат Исав:

7. „Донеси ми дивеч и зготви ми вкусно јадење да јадам, па да те благословам пред Господовото лице, пред да умрам.”

8. А сега, сине мој, послушај ме и направи како што ќе ти наредам.

Битие (1 Moj.) 27