Битие (1 Moj.) 27:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороденец; направив како што ми рече. Сега стани, седни па јади од мојот лов, за да можеш тогаш да ме благословиш.”

20. Исак го праша својот син: „Како успеа толку бргу, сине мој?” Тој одговори: „Бидејќи Господ, твојот Бог, ми беше милостив.”

21. Потоа Исак му рече на Јаков: „Приближи се, сине мој, да те опипам дали си ти навистина мојот син Исав или не си.”

22. Јаков се доближи до татка си Исака, кој го опипа и рече: „Гласот е Јаковов, но рацете се Исавови.”

23. Не го препозна, зашто рацете му беа влакнести, како и рацете на брата му Исава. Кога сакаше да го благослови,

Битие (1 Moj.) 27