17. Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам,
18. кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата?
19. Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.”
20. Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок.
21. Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.”