Битие (1 Moj.) 1:10-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.

11. И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.

12. И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.

Битие (1 Moj.) 1