2 Солунците 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Најпосле, браќа, молете се за нас, та Господовото слово да трча и да се прославува како и при вас,

2. и ние да се ослободиме од расипани и зли луѓе, зашто сите немаат вера.

3. Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот.

4. Уверени сме во Господа, за вас, дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме.

2 Солунците 3