6. Но Јас го избрав Ерусалим за да биде во него Моето Име и го избрав Давида за да заповеда со Мојот Израелски народ.’
7. Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,
8. но Господ му рече: ‘Си наумил да Му подигнеш Дом на Моето Име, и добро направи,
9. ама ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило; тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’
10. Господ го исполни Своето ветување: го наследив таткото Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,
11. и го наместив Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со Израелевите синови.”
12. Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот израелев собир, пред Господовиот жртвеник и ги рашири рацете.
13. Имено, Соломон имаше направено бронзено подножје, долго пет лакти и широко пет лакти, а високо три лакти, и го стави сред дворот; откако застана на него, клекна пред сето израелево собрание и, раширувајќи ги рацете кон небото,
14. рече: „Господи, Израелев Боже! Ниеден бог не Ти е сличен ни на небесата ни на земјата, Тебе, Кој им ги пазиш Заветот и љубовта на Твоите слуги, кои одат пред Тебе со сето свое срце.