2 Летописи 6:40-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. Сега, Боже мој, Твоите очи нека бидат отворени и Твоите уши нека бидат внимателни на молитвите на ова место!

41. А сега, Господи Боже, стани во Твоето почивалиште, Ти и Ковчегот на Твојата сила, Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите свети нека се насладуваат со блага.

42. Господи Боже! Не свртувај го лицето од Твојот помазаник, спомни си за милостите што му ги даде на Твојот слуга Давид!”

2 Летописи 6