2 Летописи 5:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во Дебирот на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

8. Херувимите имаа раширени крила над местото каде стоеше Ковчегот, и го засолнуваа Ковчегот и неговите драгови.

9. Драговите беа толку долги што им се гледаа краевите од Светилиштето спроти Дебирот, ама не се гледаа од надвор, и таму стојат до денешен ден.

10. Во Ковчегот немаше ништо освен двете плочи кои ги стави Мојсеј на Хорив, каде Господ склучи Завет со Израелците откако излегоа од Египет.

11. Сите свештеници излегоа од Светилиштето, зашто сите присутни свештеници се посветија без обѕир на редовите.

2 Летописи 5