9. Потоа Езекија се распраша кај свештениците и левитите за куповите.
10. Одговарајќи, свештеничкиот главатар Азариј, од Садоковиот дом, рече: „Откако почнаа да ги донесуваат овие приноси во Господовиот Дом, јадеме и сме сити а многу и остана, зашто Господ го благослови Својот народ, та го има во изобилие ова множество.”
11. Тогаш Езекија заповеда да се подредат собите во Господовиот Дом, кога ги подготвија,
12. почнаа да ги внесуваат таму приносите десетините и светините; над тоа беа настојници левитот Хонаниј и брат му Симеј, втор од него.