2 Летописи 24:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Но тие се побунија против него и го затрупаа со камења, по царска заповед, во дворот на Господвиот Дом.

22. Ни царот Јоас не си спомна за љубовта што му ја покажа таткото Јодај, туку му го уби синот; а тој умирајќи рече: „Господ нека гледа и нека одмазди!”

23. Кога помина година време, се подигна против него арамејската војска и, напаѓајќи на Јуда и на Ерусалим, ги погуби сите кнезови во народот и му го испрати сиот плен на царот во Дамаск.

24. Иако арамејската војска беше мала по луѓе, сепак Господ и ја предаде во рацете мошне бројната војска, зашто Го оставија Господа, Бога на своите татковци. Така му се одмаздија Арамејците на Јоаса.

2 Летописи 24